Потомокот на руското царско семејство, големиот војвода Георги Михајлович Романов (40) ќе се ожени со својата италијанска свршеница Викторија Романовна Бетарини (39). Ова е првата царска венчавка во Русија која ќе се одржи по повеќе од еден век. На венчавката која ќе се одржи во црквата „Свети Исак“ во Санкт Петербург ќе присуствуваат стотици странски гости.
Традиционалната царска церемонија ќе трае два дена, одговорен за кетерингот е Евгениј Пригожин, кој меѓу другото е познат и како готвачот на Путин.
„Санкт Петербург беше првото место во Русија во кое што се вративме и е значајно за моето семејство“, вели Михајлович.
Тој е роден во Шпанија, мајка му е големата војвотка Марија Владимировна, самопрогласена наследничка на рускиот престол, а татко му е големиот војвода Михаил Павлович. Поголемиот дел од животот го поминал во Шпанија и Франција. Првпат ја посетил Русија во 1992 година, а сега живее во Москва каде работи на голем број добротворни проекти.
Негоавата идна сопруга, писателката Бетарини, минатата година се преобрати во руската православна вера и го доби името Викторија Романовна.
Династијата Романов владеела со Русија 300 години, пред последниот руски цар Николај Втори да абдицира во 1917 по Февруарската револуција. Заедно со неговата сопруга и петте деца беа стрелани во јули 1918 година.
Прапрадедо на Михајлович, големиот војвода Кирил Владимирович, избегал во Финска во 1917 година и подоцна се сместил во западна Европа. Тој бил прв братучед на Николај Втори, по што се прогласил за цар во прогонство по убиствата.