Во Русија е развиена технологија за реконструкција на соништата, која ќе им помага на пациентите да закрепнат од мозочен удар и од коронавирус, изјави за руската информативна агенција „Новости“, Владимир Конишев, генерален директор на компанијата „Невроботикс“.
Тој вели дека компанијата создала неврогарнитура која е поврзана со апликација во телефонот или со програма во компјутерот, а ги доловува сигналите на електроенцефалограмот. Таа потоа ги обработува податоците за активноста на мозокот земени од површината на главата и на тој начин добива информации за состојбата на мозокот. Оваа технологија може да се користи и за реконструкција на соништата. Имено, активноста на мозокот продолжува во сон, така што е можно да се препознае каков вид на соништа сонувал човекот.
Оваа технологија може да се примени во многу области, особено што во моментот на пазарот интензивно се нудат невротренинзи за закрепнување по коронавирусот.
„Тоа се психолошки тренинзи насочени кон обновување на состојбата на длабока опуштеност, состојба во која организмот добро закрепнува и таквиот ефект се постигнува преку долгогодишно практикување медитација. Проектот може да се искористи и за неврокорекција на деца со аутистичен спектар и други проблеми во развојот“, додава Конишев.