Во сообраќајка загина Ларс Вилкс, контроверзниот уметник познат по карикатурите на Мухамед

Ларс Вилкс, шведскиот уметник познат по карикатурите на Мухамед кој ги објави во 2007 година, загина во сообраќајна несреќа. Вилкс наводно се возел во возило на цивилна полиција, кое удрило во камион во градот Макарида, на југот од Шведска.

Во несреќата загинале и двајца полицајци, додека возачот на камионот бил повреден. Вилкс живеел под полициска заштита, затоа што цело време бил изложен на закани со смрт. Во соопштението на полицијата е наведено дека не е јасно како дошло до сударот.

Засега ништо не укажува на тоа дека некој е вмешан. За потсетување, Ал Каеда во Ирак, понудила награда од 100.000 долари за негово убиство. Вилкс досега преживеал еден обид за атентат во Копенхаген, откако двајца непознати напаѓачи пукале во кафич во кој се наоѓал тој.

Во нападот била убиена една личност и ранети тројца полицајци.

 

 

 

Scroll to Top