Во Турција падна снег во јуни

Во неколку турски провинции што се наоѓаат на брегот на Црното Море среде јуни падна снег. Снег падна во голем број високопланински села во провинциите Ардахан, Ризе и Болу, а снег има и на популарниот скијачки центар на вулканот Ерџиес во провинцијата Кајсери во централниот дел на земјата, објави Си-ен-ен Турк.

„Времето вчера беше прекрасно. Се разбудивме наутро – сè беше покриено со снег. Не е зима, туку лето, јуни“, изјави жител на селото Каврун Јилас, во провинцијата Ризе, за телевизијата ТРТ Хабер.

Снежна покривка од пет сантиметри има и на планината Улудаг (Олимп) во близина на градот Бурса во западниот дел на Турција.

Турскиот метеоролошки завод предупреди на обилни врнежи од дожд по должина на брегот на Црното Море и ги повика граѓаните да преземат мерки на претпазливост.

Scroll to Top