Затемнувањето започна во американската сојузна држава Орегон во 10 часот по локално време, а ќе заврши во Јужна Каролина околу 15 часот по локално време. Околу 12 милиони Американци живеат на подрачјето на кое ќе биде видлив тој астрономски феномен, кој, според тврдењата на многумина, ќе биде најмногу фотографиран и најдобро документиран во човечката историја.
Затемнувањето на Сонцето е астрономска појава која се случува кога Сонцето ќе фрли сенка на Месечината, на површината на планетата Земја, што може да се случи само кога Месечината се наоѓа меѓу Земјата и Сонцето.