„Војна на ѕвездите“ во новите модели на Гучи

„Војна на ѕвездите“ е инспирацијата на креативниот директор на модната куќа Гучи, Алесандро Мишел, за моделите кои ги претстави за следната сезона. На модната кампања беа претставени мотиви и парчиња што ќе ги одбележат есенските трендови како костуми, капути и фустани кои изгледаат како вселенски костими, а тука се и модните додатоци како очила, чанти, ракавици и накит. Електричните вибрации кои владеат во кампањата проследена со романтични елементи претставува вистинско авантуристичко патување.

Scroll to Top