Индиски воз прегази работници мигранти кои спиеле на пругите, при што загинале најмалку 16 лица кои наводно биле на пат кон своите села, соопшти Министерството за железниците во земјата.
Десетици илјади луѓе тргнале кон своите домови од големите индиски градови, откако ги загубија своите работни места поради карантинот.
Возачот се обидел да го запре товарниот воз кога ги здогледал работниците, изјави министерот за железницата, Пјуш Гојал, додавајќи дека наредил истрага.
Целиот јавен превоз е стопиран поради карантинот, така што работниците мигранти кои одеа дома честопати мораа да патуваат долго.
Владата го продолжи карантинот до 17 мај.