Рано утрово автомобил влета во терасата на скопското кафуле „Манда“ на почетокот на булеварот Партизански одреди кај семафорите со улицата Даме Груев. Возачот изгубил контрола над автомобилот, направена е материјална штета, а според очевидци, нема повредени.
„Стаклата се затемнети и личи како да е службено возило. Возачот беше повозрасен и веднаш избега, а автомобилот веднаш дојдоа да го однесат. Набргу по незгодата и ‘Комунална’ дојде да исчисти“, раскажуваат очевидци за „Репортер“.