(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Акробат загина на рок фестивал во Шпанија

По настапот на бендот Грин деј, организаторите на фестивалот наведоа дека „жалат поради страшната несреќа“, и дека од „безбедносни причини“ се одлучија да не го откажат настапот на групата.
Akrobata, pad
Акробатот Педро Аунион Монрој загина ноќта во моментите кога паѓаше од голема висина на фестивал на рок музика во Шпанија, соопштија организаторите на тој настан.
Монрој (42) испадна од кутијата која висеше во воздух на 30 метри висина и набрзо загина, објави британски Телеграф.
Организаторите на Мед кул (Mad Cool) фестивалот одлучија да потоа не го откажат настапот на американската рок група Грин деј (Green day), чии членови по излегувањето на бината, очигледно не знаеја дека несреќата се случила.
По настапот на бендот Грин деј, организаторите на фестивалот наведоа дека „жалат поради страшната несреќа“, и дека „од безбедносни причини“, одлучија да не го откажат настапот на групата.

 

Scroll to Top