(Вознемирувачко видео) Бик со роговите прободе матадор додека ја славеше победата

Матадорот Гонзало Кабелеро се здобил со сериозни повреди за време на шпанската корида, настан познат во светот како борба со бикови. Додека ја славел победата во националната арена, бикот неколку пати со роговите го прободел Гонзало и го фрлил во воздух.  Гонзало претходно го прободел бикот со нож и му забил три копја во грбот. Тој предвреме ја прогласил битката за добиена и не забележал дека животното сеуште е живо, пренесува „Индепендент“. Шпанецот бил пренесен во блиската амбуланта каде бил итно опериран. Подоцна го однеле во болницата „Сан Франциско де Асис“, на понатамошно лекување.

Гонзало е дечко на Викторија Федерика, внуката на шпанскиот крал и петта-та наследничка за шпанскиот престол. Кабелеро верувал дека нејзиното присуство ќе му донесе повеќе среќа во борбата со бикот.

Животното било убиено, а како што е обичај, матадорите му го отсекле увото и му го однеле како трофеј на Кабелеро во болницата.

Scroll to Top