(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Полицаец брутално претепа жена, затоа што просела

Полицијата во американската сојузна држава Џорџија покрена истрага против еден од своите службеници кој во јуни е снимен како брутално претепува бездомничка на бензинска станица.

Вознемирувачкото видеото покажува полицаец како со пендрек ја удира Кејти Мекари по целото тело и и зборува да престане да дава отпор и да ги стави рацете на грб или ќе ја застрела.

Исто така се слуша беспомошната жртва како вреска на подот, а сведоците ги молат полицајците да не ја убие. Полицијата е повикана откако Кејти барала милостина од муштерии на бензинска пумпа.

На крајот од снимката полицаецот и става лисици и ја носи, а несреќната жеанта цело време повторува: „Што направив?“.

Портпаролот на полицијата изјави: „Сега имаме доказ, ова нови видео и повторно ќе го отвориме случајот и ќе утврдиме дали инцидентот се случил во склад со законот“.

Полицаецот при апсењето на Мекари изјавил дека ја претепал зошто се обидувала да се оттргне и да излезе од продавницата на бензинската пумпа и му ја фатила и значката.

Мекари од затвор е префрлена во болница поради лекување на повредите на главата и исеченици на рацете и нозете.

Погледнете го видеото:

Scroll to Top