Жителите на Струмица беа згрозени од однесувањето на еден познат локален доктор кој врзал куче за својот автомобил и го влечел додека возилото било во движење.
Сведоците на настанот, кои и го снимија овој страшен момент, велат дека познатиот струмички доктор бил непресметлив и во минатото.
Некои од луѓето сведочат дека кучето било влечено до изнемоштување и умрело задавено, велат од „Анима мунди“.
Станува збор за доктор Зелеников од Струмица, со возило регистарска ознака SR 925AI
„Настанот е пријавен во полиција од страна на локални граѓани, напоредно ние ќе поднесеме кривична пријава, како и пријава согласно со Законот за заштита и благосостојба на животните и инсистираме најстрога кривична казна – казна затвор за овој монструм, како и парична казна согласно со Законот за заштита и бл. на животните.