Полицијата во Илиноис уапси двајца малолетници осомничени за убиство на двајца демонстрати минатата ноќ во градот Кеноши за време на протестите што избувнаа поради застрелувањето на Афроамериканецот Џејкоб Блејк во кого полицијата пукаше во грб.
Командирот на локалната полиција, Норман Џонсон, изјавил дека осомничениот е момче, чие име не е соопштено затоа што има помалку од 18 години. Тоа е уапсено под сомнение дека сторило убиство од прв степен. Полицијата засега не објави никакви други детали.
Социјалните мрежи се преплавени со снимката од убиството на момчето, кое е идентификувано како Кајл Ритенхаус. Додека многумина го означија како приврзаник на надмоќните белци, за тоа засега нема јасни потврди.
Две лица се убиени синоќа кога момче, белец, кој е снимен со мобилен телефон, пукал на улицата со полуавтоматска пушка.
„Штотуку убив некого“, се слуша на снимката за време на пукањето што се случило пред полноќ. Една од жртвите била застрелана во главата, а другата во градите, изјавил шерифот Дејвид Бет за локалниот весник.
Третото лице е рането со огнено оружје, но животот не му е загрозен. На социјалните мрежи се појави и снимка од момчето што пукало и пред убиството. На видеото се гледа неговата одлучност да застрела некого за да го одбрани својот и имотот на семејствота.
Се појавија и снимки на кои се гледа како тинејџер бил нападнат пред да пука со оружјето.
Context to the Kenosha shooting: this is an interview with shooter BEFORE the shooting took place #KenoshaShooting #KenoshaRiots pic.twitter.com/0gxDjeo1Tw
— Lasse Burholt (@lasseburholt) August 26, 2020
(Видео) Полицаец седум пати пука во невооружен човек, снимка која ја крена цела Америка на нозе