Лек за дигестивниот систем
Тоа по што киселата зелка се разликува од суровата се пробиотичките бактерии. Киселата зелка е изворна со фрементирана храна природно богата со пробиотички култури.
Поради тоа киселата зелка е многу важна во лечењето на болестите предизвикани со дисбаланс на цревната флора, посебно по терапијата со антибиотици или хемотерапија. Благо кажано, дејствува на желудникот и цревото, на нивната микрофлора со што го погодува желудникот.
Исто така, помага во варењето на масните оброци и го забрзува метаболизмот, што го подобрува лачењето на штетните материи од телото и го чисти и регенерира црниот дроб. Исто така ја чисти крвта, го забавува стареењето и ја зајакнува отпорноста на телото.
Ги лечи раните и изгорениците
Киселата зелка помага во излекување на раните, а дејствува и кај ревматичните и воспалени вени. Локално може да се користи за ублажување на јадежот на кожата, за време на различни алергиски воспаленија, помали изгореници, убоди од инсекти, особено од пчели и оси. На боцнатото место ставете облог од лист од кисела зелка, замотајте го со завој или газа.
Имате главоболка, на челото ставете лист од кисела зелка и замотајте го со газа. За подигање на расположението, секој ден изедете две до три листови кисела зелка.
Луѓето кои консумираат многу кисела зелка се посилни и поотпорни на болести. Поради тоа киселата зелка особено им се препорачува на старите лица, лицата со ослабен имунитет и децата.
Благодетите од сокот од кисела зелка
Расол – сок од кисела зелка, има многу поволен ефект по здравјето. Богат е со витамин, Ц, Е, К и Б, како и витамот У. еден од најретките витамини, важни за лечење на чир на желудникот. Многу е популарен народен рецепт за лечење на слухот со помош на расолот. Навечер, пред спиење, натопете памук со расол од зелка и ставете го во уво. Така спијте и утрината извадете го. Меѓу другото, расолот дејствува и против бактерии, габички, штити од воспаленија, помага во лечење чир и го лечи мамурлакот.
Киселата зелка во кулинарството
За да ги искористите сите хранливи материи од киселата зелка, консумирајте го расолот. Најздрав е во облик на салата во додаток со маслиново масло. Освен тоа, можете да ја готвите, пржите, печете, мешате во комбинација со житарици, на пример јачмен.
Линк од првиот дел