За 180 евра направи куќа од триесет квадрати

Мај­кл Бак, зем­јо­де­лец од Англија, из­гра­дил еко-куќа од при­род­ни ма­те­ри­јали, од 30 квадрати. Не упот­ребил ни­ту еден елек­три­чен алат, а користел древ­на гра­деж­на тех­ника. Ку­ќата ја из­гра­дил во не­го­ва­та гра­ди­на во Дедингтон. За ова потрошил само 180 фунти.

Во ку­ќа­та не­ма струја, гас или вода, па ме­сеч­ни­те тро­шо­ци за до­му­ва­ње се мно­гу мали. Ја градел осум ме­сеци, а корис­тел ме­ша­ви­на од глина, тр­ска, ча­кал и слама. Не трошел па­ри ду­ри ни за про­зорци, туку користел ветробрански стак­ла од ка­ми­они. Мешавината што ја користел за из­град­ба е одлична изо­ла­ција, па во куќата не студи. Пла­фо­нот го до­пол­нил со овч­ја волна за уш­те по­го­ле­мо зад­ржу­ва­ње на топ­ли­ната.

Ку­ќа­та има печ­ка на дрва за оп­ти­мал­но за­топ­лу­вање, а ос­вет­лу­ва­ње­то е на све­ќи и фе­нери. То­а­ле­тот е од­во­ен од главната градба. Ку­ќа­та во об­лик на пе­чур­ка има во­да од из­вор во бли­зина, а ѕи­до­ви­те се бо­ја­ди­са­ни со креда и растителна смола. Во ку­ќа­та има кујна, прос­тор за дне­вен прес­тој и кре­вет. Плит­ко ис­ко­пан бу­нар слу­жи како фрижидер.

„Са­кав да до­ка­жам де­ка ку­ќи­те не мо­ра да би­дат скапи. Жи­ве­е­ме во оп­штес­тво во кое ги по­ми­ну­ва­ме жи­во­ти­те отплаќајќи хи­по­те­ки“ ре­кол Бак, кој пла­ни­рал ку­ќа­та да ја из­гра­ди без да пот­ро­ши пари, но на крајот морал да купи сла­ма и дополнителен алат.

Scroll to Top