За добиената втора шанса за живот, француски пациент ги почестил лекарите со шампањ

Службата за реанимација во една мала болница на југот во Франција, составена од 60 лекари и медицински персонал, била пријатно изненадена од подарокот од пациент кој не сакал да го открие своето име.

Неименуваната личност испратила по едно шише шампањ за сите лекари од болницата за претстојниот Божиќ, пренесува радио France Info.

„Им благодарам на сите кои ми подарија втора шанса за долг живот“, се наведува во писмото без потпис кое било упатено до лекарите и медицинскиот персонал во болницата.

Лекарите изјавиле дека биле многу изненадени од пакетот и дополнително биле мотивирани да се борат за животите на пациентите кои биле во лоша состојба. Медиумите објавиле дека болницата била во многу лоша состојба, а имало и најави за затворање на службата за реанимација.

 

Scroll to Top