За две години човештвото може да се соочи со средба со вонземен живот, велат од НАСА

By

За помалку од две години човештвото би можело да се соочи со средба со вонземен живот, вели Џим Гин, еден од главните научници на НАСА. Џим вели дека американската вселенска агенција во март 2021 година, ќе се обиде да добие повеќе инфорамции за вонземен живот и органски материи на Марс, преку роверот „Ексомарс“.

Џим објасни дека и покрај тоа што светот и човештвото не е подготвено за средба со каков било вонземен живот, сепак научниците ќе се обидат да добијат повеќе информации од карпестите делови и јадрото на Марс.

„Роверот ‘Ексомар’ има за мисија да утврди дали на Марс постои можност за каков било живот. Тоа ќе ни помогне за во иднина, да утврдиме дали и луѓето би имале можност да живеат на оваа планета. Ова е првпат некаква материја земена од Марс да можеме да ја донесеме на Земјата и да ја испитаме“, вели Грин.

Роверот на почетокот ќе собира информации и примероци околу океанот на Марс, каде научниците на НАСА сметаат дека има најголеми шанси за да постои каков било живот.

„Кога животната средина станува екстремна, животот се сели длабоко во карпите каде има вода“, вели Грин.

НАСА на почетокот на 2019 година, со помош на сателитот „Марс експрес“, успеа да открие резервоар за вода длабоко под повтшината на Марс. Подоцна беше утврдено дека станува збор за подземни езера.

Франческо Салеш од Универзитетот во Утрехт во Холандија смета дека Црвената Планета во минатото во најголем дел била покриена со вода. Но, како се менувала климата, водата се повлекувала под површината, каде се формирале базени и „подземни води“. Траги од истите можат да се видат на длабочина од 4000 до 4500 метри.

 

Ќе ви се допадне