За највисокиот замок на светот, искористени се 3500 тони песок!

Биле потребни 3500 тони песок за овој замок и целата количина е донесена во некогашната челичана во Дајззбург.

Најголемиот песочен замок на светот е висок 16,68 метри и се наоѓа во германскиот град Дајзбург.

Една германска туристичка агенција организираше изградба на замок и го направи со 3500 тони песок во некогашната челичана во Дајзбург.

 

Агенцијата DPA пренесе дека Џек Брокбенк, претставник на Гинесовиот светски рекорд, потврди дека станува збор за рекорд.

Досега титулата ја држеше замокот од 14,84 метри во Индија.

Песочниот замок во Дајзбург е украсен со песочни модели од атинскиот Акрополи, црквата Саграда фамилија во Барселона и Кривата кула во Пиза. Планирано е да стои барем до 24 септември.

Погледнете ја снимката.

 

Scroll to Top