Властите во Њујорк објавија дека Тајмс Сквер ќе биде затворен за Нова година поради опасноста од ширење на коронавирусот. Забавите и настапите во живо ќе бидат виртуелни и ќе можат да се гледаат само преку интернет и телевизија, објави „Гардијан“.
Улиците во Њујорк ќе останат празни за првпат од 1904 година. Но, Њујорк не е единствениот град чии улици ќе останат празни, пишува „Гардијан“. Повеќето градови во САД ги забранија јавните собирања, а откажан е и новогодишниот традиционален огномет во Лас Вегас.