Забарот што дојде со лажна рака сега мораше пак да доаѓа за да прими вакцина

Италијанскиот забар кој прво пристигна со лажна рака за да прими вакцина против ковид, сега мораше пак да дојде за да биде вакциниран. Тој сега рече дека вакцината е најдоброто оружје кое го имаме против оваа страшна болест.

Доктор Гвидо Русо сега се соочува и со можна кривична пријава за измама, затоа што првиот пат во центарот за вакцинирање во градот Биела на северот од Италија, се појавил со лажна рака направена од силикон.

Италија претходно оваа година донесе барање за задолжителна вакцинација на лекарите и медицинските сестри. Русо, во една италијанска емисија рече дека не се обидел да ја измами владата или било кој друг, туку дека само сакал да покаже личен протест поради задолжителната вакцинација.

Медицинската сестра која ја забележала силиконската рака го пријавила кај менаџерите. Забарот призна дека неговиот протест не успеал и дека следниот ден ќе ја прими вакцината затоа што системот го барал тоа од него.

Тој покрај тоа што смета дека вакцината е единственото оружје кое го имаме против ковидот, сепак властите треба на луѓето да им овозможат да имаат слобода на избор.

Иако стапката на вакцинација во Италија изнесува речиси 85% меѓу популацијата постара од 12 години, луѓето во старосната граница од 30 до 59 години, се покажале како најотпорни на вакцинацијата, бидејќи речиси 3,5 милиони сè уште не ја примиле првата доза.

 

 

 

Scroll to Top