Најновото истражување кое го направиле истражувачи од Кина, на два Универзитета во Пекинг и на Универзитетот „Јејл“ во Соединетите Американски Држави, покажува дека загадувањето на воздухот и штети на интелегенцијата и развојот на човечката индивидуа.
Според ова истражување, загадениот воздух најмногу штети на популацијата кај постарите мажи. Постојаната изложеност на загаден воздух би можела да биде поврзана и со когнитивните способности.
Американските и кинеските истражувачи четири години следеле 20.000 луѓе од двата пола во Кина, а најмногу истпитаници имало на возраст од 10 години.
Научниците веруваат дека штетното влијание расте со годините на старост и дека штетните материи најмногу влијаат на мажите со пониско образование. Една од причините поради кои истражувањето покажало дека постарите мажи без високо образование се изложени на загадување е тоа што обично се работи за мажи кои работат во надворешни услови.
Истражувачите веруваат дека резултатите од нивното истражување се важни за целиот свет. Речиси 80% од светската популација дише воздух со висок процент на штетни честички.
Истражувачите го поврзаа нивото на загадување со резултатите од тестовите по математика, но не успеаа да докажат дека загадувањето влијае на тоа колку испитаници добро ги направиле тестовите.
Истражувањето во кое учествувале истражувачи од универзитетот во Пекинг и универзитетот во Јејл во САД, го проучувале со нивото на сулфур диоксид, азот диоксид и честичките помали од 10 микроцентиметри во пречник, во местите во кои испитаниците живеат.
Во истражувањето не биле вклучени нивото на учество на соединенијата како што се јаглен-моноксид, озон и други поголеми честички.
„Докажавме дека загадувањето влијае на резултатите на усмените тестови изразени кај постарите машки испитаници и испитаниците со слабо ниво на образование“, наведено е во заклучоците на истражувањето.
Загадувањето го зголемува и ризикот од развој на алцхајмеровата болест и други облици на деменција, тврдат истражувачите.
Истражувањето е спроведено во периодот меѓу 2010 и 2014 година, и содржело 24 прашања од математика и 34 прашања за познавање на светот.
И претходно направените истражувања покажале дека загадувањето негативно влијае на когнитивните способности, а загадувањето го зголемува и ризикот од заболување од депресија.
Иако резултатите од истражувањето се однесуваат на Кина, тие мжат да помогнат и на земјите во развој и да укажат на важноста на загадувањето на воздухот, сметаат истражувачите.
Авторите изјавиле дека 98% од градовите во кои живеат повеќе од 100.000 жители, нивото на загаденот на воздухот е повисоко од тоа што го пропишува Светската здравствена организација.
Секоја година седум милиони луѓе умираат поради изложеноста на загадениот воздух. Загадувањето на воздухот бил причина за смртност на 4,2 милиони луѓе кои животот го загубиле во 2016 година. Дури 91% од светската популација живее на места во кои индексот на квалитет на воздухот е повисок од оној кој го препорачува Светската здравствена организација. 14 градови во Индија се наоѓаат меѓу 20 најзагадени во светот, а девет од 10 луѓе на светот дишат загаден воздух, покажуваат податоците на СЗО.
Најзагадени градови се Пешавар и Равалпинди во Пакистан и Мазари Шариф во Авганистан, а со најниско ниво на загадување се Ширнак во Турција и Муонио во Финска.