Замрзната гробница пронајдена во Сибир

Археолозите што работат во едно подрачје во јужен Сибир откриле недопрена замрзната гробница. Тие веруваат дека постои голема можност погребаните да се припадници на кралското семејство Ситијан. Оваа гробница постои веќе 2800 години и е поголема од еден денешен фудбалски терен. Се смета дека би можела да биде и најстарата и најголема во регионот.

Ситијаните биле номадски народ кој доминирал во евроазиските степи и пасишта од 9 век пред новата ера, па сѐ до 1 век пред новата ера.

Биле аутсајдери, но и големи војници. Кога се попишувале во 5 век пред новата ера, Херодот тврдел дека тие правеле капути од своите жртви, а дека нивните черепи ги користеле како чаши.

Иако овој народ не градел населби, зад себе оставал многубројни гробници што ги исполнувале со накит, оружје, злато, богато декорирани чаши (на некои се пронајдени и траги од опиум), како и разновидна стока.

Многу гробници се направени на трајно заладени земјишта, а археолозите во нив откриле заледени мумии.

Од седумдесеттите години од минатиот век археолозите истражуваат неколку гробници во северозападниот дел на Монголија. Ова подрачје понекогаш го нарекуваат и сибирска долина на кралевите, како што се нарекува местото во Египет, каде што над 500 години се погребуваат фараоните.

Во текот на ископувањата на планината позната како Архан 2 на почетокот на 2000 година, археолозите пронашле неоштетена гробница во која се наоѓале тела на мажи и жени, но и 9.000 златни предмети.

Гино Каспари, археолог од универзитетот во Берн, пребарувал сателитски снимки околу оваа гробница. Следниот чекор бил да го посети тамошниот споменик, а швајцарско-руската експедиција ја обиколила оваа локација во 2017 година.

Според нивниот извештај, замрзнатата гробница очигледно била поштедена од грабежи поради тешко достапната локација.

 

 

 

Scroll to Top