Девојката под името JP. Ливингстон од Њујорк на само 28 години успеа да заработи неколку милиони долари со паметно вложување, а потоа на себе си, си овозможила рана пензија.
Ливингстон дипломирала на Харвард во 2009 година, а потоа успеала да добие работа во инвестициска компанија, што и била животна желба. Таму го стекнала потребното знаење и искуство, кое и донело големо богатство, по само неколку години работа, пренесува магазинот Форбс.
Нејзиниот живот се промени со посетата на будистичкиот храм на Тајван, каде сватила дека за среќа не и е потребно многу, па почнала да применува минималистички пристап за животот. Тоа значело штедење, кое подоцна и донело големо богатство без вложувања.
„Завршувањето на факултет на Харвард понекогаш подразбирало дека сакате кариера во корпоративниот свет, за да бидете почитувани во општеството. Искуството во Тајван ми помогна. За време на посетата на еден од храмовите, лежев сама на креветот направен од бамбус. Во четири наутро, гледав во плафонот, опкружена со основните намирници, а беше целосна тишина. И јас бев среќна! Среќна што бев на факултет, опкружена со можности, лидерите и останатите фактори на животот на привелигираните“, се присетува Ливингстон.
По враќањето од Тајван одлучив да го променам својот живот, а па неколку години минав работејќи како финансиски експерт, додека од друга страна го зголемила штедењето. Акумилираните пари по неколку години почна да ги вложува, и на тој начин со стекнатото знаење, успеа да оствари голема добивка.