Заради делегација, Брза помош заглавена на семафор

На „Фејсбук“ денеска се појави аматерка видео-снимка на која се гледа полицаец кој регулира сообраќај на раскрсница, но ѝ дава предност на функционерска делегација наместо на возилото на Брза помош. Возилото чека да помине пробивајќи се низ блокираната крстосница.

Во еден момент Брзата помош тргнува самоиницијативно, веројатно заради итниот случај, па полицаецот ја „сече“ колоната со делегацијата и да го пропушти возилото.

„Кој има предност? Дали е поважна делегацијата или нечиј живот?“ стои во коментарите под снимката што ја објавил Александар Целевски.

Неколку нестрпливи граѓани кои чекаат, го користат моментот да поминат  заедно со Брзата помош.

Scroll to Top