Заради забрането групирање за Бадник, Македонец смисли онлајн вртење пита со паричка

Стефан Алексиќ од тимот „Чаленџер“, го направи Паричето.мк, интернет платформа за вртење пита со паричка. Вели, сега кога е забрането групирање и масовни собири, Бадник и Божик ќе се слават поинаку, па преку новата апликација секој ќе може безбедно да врти пита со паричка со своето друштво или со семејството.

„Сакам луѓето безбедно да ги прослават празниците. Чувствувам дека сме при крај со кризава ама мора да издржиме уште малку. Се надевам дека апликацијава ќе ги сплоти луѓето, особено во миговите кога се оддалечени едни од други и не можат да седнат на заедничка маса,“ вели Стефан.

Стефан, авторот на паричето.мк

Платиформата е едноставна, а фунционира на тој начин што се внесуваат имињата на луѓето со кои сакате да ја поделите виртуелната пита, по што се извлекува дел. Нема ограничен број на учесници во делењето на питата, но за сега таа е тестирана со најмногу 40 корисници.

 

 

Scroll to Top