Застанал на шините под возот да запали цигара

Еден маж во метро-станицата во Менхетен одлучил да се симне на шините кога наидувал возот. Сите помислиле дека скокнал во смрт.

Сепак, ја забележале неговата рака како мавта со цигара меѓу возот и платформата.

„Сите се свртеа затоа што мислеа дека е мртов. Не можам да верувам дека возот не го удрил. Изгледаше како да знае што прави, како да го прави тоа секој ден“, изјави еден од очевидците.

Се утврдило  дека мажот сакал да запали цигара, а за тоа од некоја непозната причина го искористил колосекот. Кога излегол од под возот,  фрлил по возот со шише, додека сите насобрани го гледале со вчудовидување.

 

Откако стигнале полицајците и пожарникарите, тој почнал да игра на платформата како ништо значајно да не се одиграло.

Полицијата потоа го однела во блиската болница.

Scroll to Top