Затемнување на Месечината овој викенд

Последниот викенд од овој месец во ноќта меѓу петокот и саботата, на 27 и 28 јули, ќе се случи затемнување на Месечината, процес за кој се очекува да биде најдолг во овој век.

Второто затемнување на Месечината оваа година ќе може да се забележи од делови од Австралија, Азија, Африка, Европа и од Северна Америка. Затемнувањето ќе трае еден час и 43 минути.

Затемнувањето на Месечината ќе се случи за време на влегувањето на Месечината во Земјината сенка.

Вечерта на 27 јули Месечината ќе се појави во 20.01 часот, а затемнувањето ќе почне во 22.24 часот. Целосното затемнување ќе почне во 21.30 часот.

 

Scroll to Top