Носот како орган има многу значајна физиолошка функција во заштита на долните дишни патишта, бидејќи самиот го навлажнува, го затоплува и истовремено прочистува вдишениот воздух. Оваа, пред се заштитна функција на носот, спречува да дојде до појава на кашлица во доенечката возраст бидејки самото дишно стебло на доенчињата анатомски е поинакво од дишното стебло на возрасните.
Кај доенчињата поради анатомската градба т.е тесни носни канали, неразвиен респираторен систем, послабо лачење на хормони од надрубрегот, како и самото не знаење на доенчето да дише преку уста, појавата на затнатиот нос претставува голем проблем. Затнатиот нос поради овие анатомски карактеристики е многу честа појава кај бебињата и децата, која појава постепено се намалува, односно како доенчињата растат така се развива и нивниот респиратотрен систем кој сам е се помоќен да ги обавува своите физиолошки функции. Една мала настинка кај бебињата и децата може да направи брза назална опструкција која со себе ќе донесе отежнато цицање, вознемиреност и пореметување на нормалниот сон. Затоа од голема важност е навремено чистење и користење на соодветни лекови за отнување на затнатиот нос кај бебето и детето.
Богатството на крвни капилари во носната слузница игра значајна улога во прифакање на лекот при негова локална апликација.
Најчесто при состојба на затнат нос прв на избор е спреј на база на изотоничен раствор на морска вода , кој овозможува чистење , навлажнување и разводнување на секретот, со што се овозможува назална дезопструкција и нормална респирација по краток период од неговата апликација. Ова е особено важно во раната доенечка возраст кога не смее да се аплицираат спрееви и капки кои вообичаено се ординираат кај поголеми деца .
Во вакви ситуцаии неопходно и аспирирање на секретот од носот, доколку постои, со специјални аспиратори за нос, поради незнаењето на доенчињата за секнење на самиот секрет, а со што би се спречило негово слевање во долните дишни патишта.
Во секојдневната пракса многу често се одлучуваме за апликација на спрееви кои во својот состав содржат алое вера екстракт, кој со своето антифунгално, антиинфламаторно, антивирусно дејство ќе помогне во намалување на едемот во носната слузница и со тоа ке овозможи десопструкција на носните отвори (канали) и ќе овозможи нормална респирација (дишење).
Специјалист педијатар Д-р.Трајанка Лалевска