Заврши најдолгата вулканска ерупција на Исланд во последните 50 години, која стана туристичка атракција

Заврши најдолгата вулканска ерупција на Исланд по последниве 50 години, објавија исландските власти. Таа стана туристичка атракација, при што беа регистрирани повеќе од 350.000 посетители кои дојдоа да го гледаат спектаклот кој се случи во близина на Рејкјавик. Туристите имаа можност одблизу да ги видат потоците од лава.

„Поминаа три месеци откако лавата за последен пат излезе, па ерупцијата ја сметаме за завршена“, изјави Бриндис Ир Гисладотир од Исландскиот метеоролошки институт.

Тие повикааа на претпазливост и изјавија дека ќе продолжат да ја набљудуваат областа.

Ерупцијата почна на 19 март на периферијата на планината Фаградалсфјал, околу 40 километри југозападно од Рејкјавик. Според вулканолозите, на полуостровот Рејкјанес лава не течела осум векови, односно речиси 6.000 години каде што случи сегашната ерупција. Ова беше шеста ерупција на Исланд за 20 години и најдолга во последните половина век, бидејќи исфрлуваше лава цели шест месеци, сè до 18 септември.

Најактивниот вулкан на Исланд еруптира на секои пет до десет години, но тој се наоѓа под голем глечер и не е така достапен, за разлика од овој.

 

Scroll to Top