Само. Збор кој обожаваме да го вметнуваме во речениците. „Само сум загрижена дека…“, „Само се прашував дали…“. Го правиме тоа кога ни е непријатно и кога се плашиме да сме директни. Оваа иста реченица звучи многу помоќно и поуверливо без тој мал, непотребен збор.
Извини, ама… Постои време кога сме должни да понудиме искрена поправка, но често го користиме тоа кога мораме да се извиниме за поставување на некое прашање или давање сопствено мислење околу некој проблем.
Всушност. „Всушност, мислам дека…“, „Всушност, не се согласувам затоа што…“. Тој збор оддава впечаток дека самите себе се изненадувате со тоа што не делите еднакво мислење со соговорникот. Експертите тоа го нарекуваат кованица или фраза, притоа тврдејќи дека луѓето со понизок статус многу почесто ја користат оваа фраза отколку оние повлијателните.
Има ли тоа смисла? Освен ако самите кажувате дека она што сте го кажале е бесмислено, а да не е тоа ваша идеја или мислење околу нешто за кое вашите соговорници би требало малку да размислат. Доколку сакате да бидете сигурни дека добро ве сфатиле, слободно допуштете им да ви поставуваат прашања, но немојте да се понижувате.
Не сум експерт, ама… Ги знаете оние: „Само без врска се расфрлам со мисли, ама…“ или: „Вие за ова знаете многу повеќе од мене, ама…“. Тие изјави ги користиме за да звучиме понизно или затоа што не сме 100% сигурни дека нашето мислење е паметно и тоа сакаме на сите да им го дадеме до знаење. Иако можеби не сте квалифицирани, не значи дека немате право да ја поделите својата замисла, а ако ја имате потреба да ја споделите, значи дека вреди да се чуе.