„Зегин медика“ лекар на вашето семејство

ПЗУ Поликлиника „Зегин медика“ е здравствена установа која обезбедува целосни здравствени прегледи и специјалистички здравствени услуги за сите оние што сакаат професионалност, удобност, ефикасност, како и дискретност.

Матичен лекар
Ги става пациентите на прво место со сеопфатна и evidence-based медицина. Тој модел на работа професионално е поддржан од страна на квалификуван медицински тим.

Биохемиска лабораторија
Опремена со најсовремена апаратура која овозможува висока точност на резултатите во строго контролирани услови – со упат од ваш матичен доктор можете да направите сѐ на едно место:
• рутински биохемиски анализи – крвни анализи и тестови што вклучуваат бубрежна функција, црн дроб, срце, специфични протеини, железо-индекси, гликемија, липиден статус, електролитен статус
• витамин Д
• тироиден статус
• хормони и тумор-маркери
• алерготестови
• хемостаза
• инфективни заболувања
• рутинско тестирање урина

Интерна медицина
(склучен договор со ФЗО)
Нашиот принцип на работа е базиран врз моделот patient-centered, што значи медицинскиот тим врши континуирано следење на вашето здравје во целост.
• Интернистички прегледи
• Ехо на абдомен
• Ехокардиографија
• Ехо на тироидна жлезда
• Ехо на дојки
• Полиграфија – дијагностицирање слип апнеа
• Доплер на каротиди
• 24 -72-часовен холтер (ЕКГ и ХТА)
• Алерголошки прегледи
• Дензитометрија – прегледи за остеопороза

Медицина на трудот
Задржување на вашите вработени здрави, безбедни и ефикасни. Нашата back to work филозофија ја оптимизира грижата за пациентот и неговата продуктивност.
• Систематски и периодични здравствени прегледи на вашите вработени
• Лекарски уверенија за вработување
• Лекарски уверенија за суд и за странство
• Учество во елаборат за процена на ризик на работно место
• Управување со ризик-факторите

„Зегин медика“ е лекар на вашето семејство.

 

Scroll to Top