Синџирот аптеки „Зегин“ кои опслужуваат во Македонија и Србија се закити со престижната награда Costumer Friend – Superior Excellence од Mеѓународната асоцијација за сертификација, International Certification Association (ICERTIAS), со седиште во Цирих.
„Зегин“ е носител на меѓународната награда што се доделува исклучиво на компании кои имаат врвен однос со своите потрошувачи и клиенти. Фармацевтите во „Зегин“ нудат врвна услуга и беспрекорна грижа за своите клиенти. Стекнатата доверба кај нашите потрошувачи е благодарение на доверливоста, достапноста, искуството и компетентноста на фармацевтите кои клиентите најчесто ги доживуваат како свои матични лекари.
За да се добие оваа награда компаниите мора да им обезбедат на своите клиенти докажано премиум искуство. Организациите номинирани за Costumer Friend медал се подложни на строга селекција што вклучува голем број сложени проверки од страна на ICERTIAS.
За да ја освои оваа супериорна награда, „Зегин„ помина низ детален процес на истражување и верификација врз основа на четири аналитички столбови: Репутација, комуникација и општество, корисничко искуство и доверба. Секој од овие столбови е поделен на поткатегории што се оценуваат поединечно. Благодарение на високите оценки што ги освои, „Зегин фарм“ легитимно го стекна правото да го носи статусот Costumer Friend – Superior Excellence.
Со потпишувањето на официјалната Customers Friend Declaration, којашто ги обврзува компаниите да одржуваат врвен модел на соработка со нивните клиенти, партнери и вработени, „Зегин“ ги исполни сите услови во целост да биде носител на престижниот меѓународен сертификат и признание.
„Зегин“ е на пазарот три децении. Основна дејност на компанијата е внатрешна и надворешна трговија на лекови, паралекови и медицински помагала, додатоци во исхраната, макробиотика и козметика. Професионални и посветени вработени, широк асортиман од над 12.000 производи и најприфатливи цени го прави „Зегин“ лидер во земјава по бројот на услужени клиенти.
ICERTIAS е современа, приватна, политички независна, меѓународна организација за истражување и сертификација што ги открива, дава сертификати и наградува компании, производи и услуги, насочувајќи ги потрошувачите кај најдобрите на пазарот.