По завршувањето на летото и долгиот период на часови преку интернет, концептот да се оди на училиште и секојдневен престој таму, може да изгледа чудно и далечно за децата, сметаат експертите.
Тие објаснуваат дека родителите треба да им го олеснат прилагодувањето, а за тоа даваат и неколку корисни совети.
Пред почетокот на школото, потребно е да го прилагодите спиењето со школото. Навреме да се легнува, за да може навреме и да се стане.
Потребно е да комуницирате и да се обидете да им го скратите времето потрошено на технолошките алатки, како телефоните, телевизијата, лаптоп и слично. Експертите велат дека е потребно да се стават јасни граници околу должностите и очекувањата.
„Иако родителите се загрижени околу можноста за зараза од вирусот и правилата за социјално држење растојание во школите, како и носењето на маски, за нив е најважно на најдобар начин ги подготват децата за школо“, објаснува британскиот психолог Хоуп Бастине.
Таа го нагласува влијателната улога на родитлите во поттикнувањето на позитивен став кај децата.
Постепено намалувајте го времето на користење на технолошки алатки
Интернетот е сјајна образовна платформа и добар избор за забава во карантин, но враќањето во школо е време кога треба родителите да почнат да ги засилуваат границите на нејзино користење, пишува „Дејли Мејл“.
Сината светлост која емитува електронските ектрани може да го „репрограмира мозокот“, за тој да го одложи почетокот на спиењето. Затоа уште од денес е потребно да се редуцира времето кое децата го минуваат на мобилните телефони, таблетите и компјутерите, особено пред одењето во кревет.
Идеално би било подолго, но пожелно е, минималната граница е децата да бидат барем оставени еден час без никакви технолошки алатки, пред заминат на спиење.
Ако вашето дете го користи мобилниот телефон за будење, пожелно е да ја прекинете ваквата традиција. Инвестирајте во класичен постар часовник будлник.
За да му ја олеснете рутината, поминете некое време со него пред спиење и обратете им го вашето внимание. Заедно подгответе топол напиток, прочитајте некоја книга или просто мазете се. На овој начин полесно ќе добие чувство на родителска сигурност и грижа.
Здрав доручек, значи и здрав сон
Здрав и хранлив доручек, е неопходен за добар почеток на денот, а без него, вашето дете ќе биде уморно, немирно и нервозно низ целиот школски ден.
Според една студија од 2017 година, по школските празници, дури преку 58% од децата имаат засилена изразена мрзеливост наутро, а 22% од нив, имаат поголеми шанси да им се случи некаков проблем во школо, поради драматичните промени во нивната рутина.
Воспоставувањето на здрав конзистентен доручек, ќе помогне да се спротиставите на тоа. Намалете ја слатката храна. Важна е рамнотежата, велат експертите.
Ако имате време, обидете се да направите јајца, тост, каша од житарици со мед и слични здрави оброци. Истражувањето покажало дека тие здрави влакнести доручеци, помагаат во производството на хормонот на сон, во вечерните часови. Колку порано доручкуваат, толку подобро.
Може да ви се чини како напорна работа, но повеќе време поминати во утринските подготовки, значи повеќе време за вас во вечерните часови, кога треба мирно да спиете.
Бидете присутни
Кога децата ќе се вратат на школо, може да почувствувате солзи и вознемиреност, затоа што тие реагираат на промените. Во тој период родителите се помалку достапни за нив.
Поради карантинот, повеќе време имате поминато со нив. Сега може да си олесните затоа што ќе бидете повеќе време со нив, непосредно пред и по школото. На тој начин и тие ќе се чувствуваат сигурно. Посветете им внимание, дури и ако трае само минута. Подоцна ќе има ефект од тоа.
Не им покажувајте дека сте загрижени
Управувањето со емоциите на вашите деца поврзани со враќањето во школо може да биде тешко. Кога вашите деца се загрижени потешко им е да заспијат. Грижите ги држат будни. Борете се со стресот со здрави закусни, игри и минимална дистракција кога ќе им дадете тешки задачи.
Секој ден зголемете го времето кога треба да ги извршуваат задачите, а подоцна тоа ќе се преслика при извршувањето на домашните задачи.
Вечера и топол напиток се неопходни за спиење
Обидете се да додадете намирници кои го потикнуваат спиењето. Пилешкото е совршена месна опција за тоа, затоа што содржи високо ниво на триптофан, составен дел од хормонот за спиење, мелатонин.
Исто така, омега-3 масните киселини во масната риба, како скуша, е одличен стимуланс за ослободување на мелатонин. Исто така е извор на витамин Б6, кој игра клучна улога во производството и на серотонин и на мелатонин.
Со доаѓањето на студеното време, обидете се да им подготвите хранлив печен сладок компир кој содржи високо ниво на витамин Б и содржи голема количина на растителни влакна за да помогне во варењето на храната.
Настојувајте оброците пред спиење да им биде полесен, како и за време на вечерата, да не им дозволувате да користат технолошки алатки.
Комуницирајте
Најважно средство за решение на голем број проблеми е квалитетната комуникација, која е важна и за управување со стресни ситуации, со кои децата и родителите веројатно ќе се соочат за време на школската година. Одржувањето комуникација е клучно во процесот за подготовките за школо.
Децата со своите родители би требало да можат слободно да разговараат за своите надежи и разочарувања, успеси и неуспеси, радости и трпение за бројни други проблеми.
Родителите би требало децата да им одговараат без никакви приговори, критизирања и потешкотии, затоа што на тој начин кај децата им даваат сигурност, дека со нив можат да бидат целосно искрени.
Мирното прифаќање на чувствата на децата и грижа, им го отвора на родителите патот кон успешна комуникација и подобро прилагодување на школо.
Бидете јасни
Покажете интерес за школо и повторете колку ви е важен неговиот успех и сите задачи кои ги очеквуаат, но, исто така, колку труд е потребен за да се дојде до тој успех.
Без разлика каков успех ќе постигне вашето дете, на крајот, важно е да се постават очекувањата од следната школска година. Ако јасно му кажете на детето што од него очекувате, во улога на ученик и кои се последиците за неостварувањето на некои од обврските, децата полесно ќе се носат со сите потешкотии кои ги очекуваат.