Неговиот профил на „Фејсбук“ е исполнет со фотографии од него и питонот, а пријателите му коментирале дека „не е нормален“. На една фотографија е обвиен со албино-питон, чија просечна должина е 5,5 метри, а тежок 71 килограм.
„Беше опседнат со дивите животни, змии, пајаци и птици“, велат неговите пријатели.
Полицијата ја потврдила неговата смрт, а истрагата упатува на тоа дека бил усмртен токму од питонот.
Истрагата и понатаму е во тек, а допрва треба да се истражи дали змијата била причинител на смртта.
Истражителите ги чекаат целосните токсиколошки резултати од обдукцијата. Од тие резултати ќе зависи дали ќе се отвори истрага.
И покрај тоа што била забележана во близина на телото на стопанот, пријателите на починатиот сметаат дека змијата нема врска со неговата смрт.
Како и да е, познато е дека питоните може да бидат смртоносни. Така, претходно оваа година еден човек беше усмртен во Индонезија, а две момчиња беа убиени во Канада кога еден питон побегнал од продавницата за домашни миленици.
Инаку, питоните убиваат само за храна, а се верува дека ова е прв таков случај во Велика Британија, пишува „Мирор“.