Зголемете го профитот со помош на фенг-шуи

Ако имате бутик или продавница, прочитајте ги овие фенг-шуи совети! Правилната примена на одредени методи од ова учење ќе ви помогне да ја зголемите профитабилноста од своите продажни места, без разлика каде и да се наоѓаат. Зголемувањето на позитивната енергија ќе значи поголем број купувачи, а со нив се зголемува и продажбата. Всушност, постојат многу совети за тоа како да го подобрите профитот на продавницата со помош на фенг-шуи.

Методи за помош на зголемување на профитабилноста на продавницата

Можеби некој ќе помисли дека фенг-шуи е наменет само за декоративното украсување на куќата со разни статуи и божества кои носат среќа, но тоа не е сосема точно. Купувањето, без разлика на што, директно е поврзано со емоциите. На крајот луѓето се стекнуваат со нови работи на кои често им се радуваат, односно чувствуваат позитивна енергија – затоа внатрешната атмосфера во бутикот е многу важна за купувачите и мора да биде поволна за купување.

Како да го направите тоа?

1. Пред сѐ, излезете од продавницата и критички согледајте го нејзиниот изглед. Како изгледа таа во споредба со другите бутици и куќите во близина? Остро се истакнува меѓу нив или совршено се вклопува? Ако првпат ја гледате својата продавница, дали би влегле во неа или не? За луѓето да дојдат до вас, морате да се потрудите да создадете силен проток на позитивна енергија која ќе привлече купувачи како магнет. За да го постигнете тоа, многу е важно да водите сметка за знакот на продавницата, името и состојбата на излогот. Значи, знакот треба да биде видлив од далеку, секогаш да остане чист и светол, името на продавницата треба да биде атрактивно, а излозите би требало да бидат совршено чисти.

2. Сега вратете се и погледајте по кој пат сакате да одите: право, лево или десно? Проценете како е уредена вашата продавница и кои емоции ги изразува? Не е тајна дека некои продавници изгледаат многу уредно, а некои потсетуваат на ѓубре од сите видови стока. Затоа, обидете се да го насочите продажниот објект така што нема да е премногу упадлив и нека биде насочен према полната стока.

3. Избегнувајте да правите типични грешки во смисла на фенг-шуи. Тие вклучуваат:

– огледало сместено директно спроти влезот;

– местото на влезот и службената врата да се една спроти друга;

– флуросцентни плафонски светла;

– непријатен воздух или чудни мириси.

Ако ви е е тешко самостојно да ја процените состојбата во својата продавница, направете неколку фотографии од главниот влез.

4. Поставете ја касата така што ќе се наоѓа дијагонално од влезот.

5. Проверете дали името на продавницата е видливо за секој посетител. Вашите купивачи мора да знаат каде отишле и како се вика вашиот бутик за да може повторно да се вратат и да ви станат редовни муштерии.

6. Создадете добра енергија за својата продавница и обидете се да ја сочувате. Пред сѐ, внимавајте на квалитетот на воздухот на затворено, наместете неколку нивоа на осветлување, вкучете пријатна музика, употребувајте пријатни ароми.

7. Почитувајте го чувството на независност и љубопитнпост кај вашите купувачи. Не одете зад нив и не ги прашувајте што сакаат да купат. Наместо тоа, дајте им шанси самостојно да го проценат производот (нека го фатат со рака, нека го разгледаат од сите страни).

8. Употребувајте нестандарни решенија. Ништо не го привлекува вниманието на луѓето како она што е новобичаено. Побарајте начини креативно да го украсите излогот или аранжирајте ги производите во неочекувани комбинации.

9. А доколку подлабоко ја проучите древната техника фенг-шуи, обидете се да одредите во кој агол од продавницата се наоѓа зоната на богатството обидувајќи се да ги зајакнете и елементите на огнот, земјата, дрвото и водата.

Scroll to Top