Зградата во која се родил Хитлер ќе стане полициска станица

Зградата во австрискиот град Браунау ам Ин во којашто бил роден Адолф Хитлер ќе биде претворена во полициска станица, објавија властите. Нацистичкиот лидер ги поминал првите недели од животот во зградата од 17  век.

Околу зградата се водеа неколку судски спорови. Со децении, владата ја изнајмуваше зградата од нејзиниот поранешен сопственик со цел да се спречи таа да биде светилиште на крајната десница и неонацистите. Таа била и дневен центар за лицата со попреченост. Сопственикот со години ги одбиваше сите понуди на владата да ја купи или реновира зградата. Тоа конечно се случи во 2016 година, кога ја продаде за 810.000 евра.

Во австриската јавност имаше поделени мислења за тоа што да се прави со зградата. Едни бараа да се урне, а други сметаа дека може да се пренамени.

„Тоа што зградата во иднина ќе ја користи полицијата, испраќа сигнал дека таа веќе никогаш нема ги буди сеќавањата на национал-социјализмот“, изјавил министерот за внатрешни работи, Волфганг Пешорн.

Scroll to Top