Жена од Полска роди шесторка за девет минути

Кортни Валдроп од Полска родилa шест бебиња за време од девет минути. Ова е прв ваков случај во земјата пишуваат локалните медиуми. Четирите бебиња кои се девојчиња, родени се со царски рез, додека другите две биле донесени на свет по природен пат.

Породувањето се случило во Универзитетската болница во Краков на југот од Полска. Лекарите велат дека мајката и новороденчињата се добро, пренесува „Асошијетед прес“, напоменувајќи дека веројатноста да се роди шесторка била еден на пет милијарди.

„Ова е прв пат во Полска да се роди шесторка, а тоа ретко се случува и во светот“, изјавил шефот на болничкото неонатолошко одделение, професор Ричард Лотербах, додавајќи дека тоа било изненадување затоа што лекарите очекувале пет бебиња.

Претседателот Андреј Дуда им честитал на родителите и докторите на „Твитер“, додека локалниот фудбалски клуб, Краковија, понудил доживотни карти за нивните мечеви со порака бебињата да ги држат палците стиснати.

„Не знаеме за кого навиваат вашите родители, но ние ви даваме доживотна претплата на карти“, објавиле од клубот на „Твитер“.

Scroll to Top