Во Женева се подготвуваат да воведат казни за оние возачи чии автомобили прават голема бучава. Од женевската градска општина велат дека ваквите возачи ќе бидат ловени со специјални радари.
Градските власти имаат намера до средината на оваа година да воведат обврзувачко допуштено ниво на звукот на моторите за автомобилите, камионите и мотоциклистите. Активитите ги повикуваат градските власти бучавата да ја ограничат на 80 децибили, односно звучност која ја произведува машината за перење на облека.
Бучавата е вториот најчест облик на загадување во овој швајцарски град, а градскиот советник Делфин Клофштајн од партијата на зелените, смета дека радарскиот уред кој ќе регистрира преголем звук и кој ќе го сними возилото нема да биде скап.
Развојот на уредот од технички причини може да потрае некое време, затоа што таквиот радар ќе мора да ги разликува различните видови на возила, објаснува Делфин.
Досега неколку европски градови се борат против преголемата бучава во сообраќајот. Најголем дел од нив тоа го прават со ограничување на брзината и преуредување на улиците направени од камени плочки во асфалт.