Жените во ЕУ имаат пониски плати од мажите

Европската комисија денес предупреди во разликата во просечните плати меѓу мажите и жените во Европската Унија. Разликата е достигната до толкаво ниво, што се добива впечаток дека дека од денес па до крајот на годината жените ќе работат бесплатно, велат претставници на Европската комисија.

Таканаречениот ден на рамноправност во платите се одбележува со цел да се укаже дека жените и понатаму заработуваат помалку од мажите иако се на исти работни позиции. Ширум ЕУ, жените заработуваат во просек за 16% помалку од мажите. Ова го покажуваат последните податоци, велат од Европската комисија.

Оваа цифра е за 0,2% процентни поени помала во однос на претходната година, пренесува „Деловен дневник“.

„Пред 60 години начелото на рамноправност во платите е запишано во европските договори и сè уште жените ширум Европа не гледаат усогласеност во секојдневните работни активности“, е напишано во соопштението на Вера Јурова, Маријан Тисен и Франс Тимерманс, комесари на Европската комисија.

Новоименуваната претседателка на Европската комисија, Урсула вон дер Лејен, која ќе биде прва жена на чело на владата на ЕУ, вети закон за транспарентност на платите во првите сто дена од својот мандат.

„Заедно со новите правила на ЕУ, кои им олеснуваат на мажите и жените рамноправно да ја делат одговорноста за одгледувањето на децата, би требало да дадат одговори на корените за причината на јазот во платите по пол“, навеле тројцата комесари.

Вон дер Лејен составила тим на комесари со рамноправна застапеност меѓу мажите и жените, но трите нејзини кандидати беа одбиени од Европскиот парламент.

Scroll to Top