Животот на Земјата стигнал од вселената

Научници од Универзитетот на Хаваи во соработка со колегите во Франција и Тајван, откриле дека фосфатите, без кои не би имало живот на Земјата, се стигнати од вселената.

Фосфатите се „градежни блокови“, вградени во хромозомите на секоја жива клетка. Без нив не би можело да има репродукција, ниту живот. Тие на Земјата се донесени преку метеори или некоја комета и тоа во првите милијарди години од Земјиното постоење.

На револуционерната студија „Меѓуѕвездена синтеза на фосфорни оксокиселини“, потпишани се професорите Ендру Тарнер и Ралф Кајзер. Таа е објавена во научното списание „Коминкации на природата“ (Nature Communications). Преку ова истражување научниците не можат со сигурност да го објаснат потеклото на тие градежни блокови, односно фосфати и прирофосфорни киселини, кои се најважните состојки на хромозоми и истите се носители на генетички информации.

Научниците во лабораторијата создале услови како на вселената. Парче од кометата ја ставиле во вакумска комора оладена на -240 степени целзиусови. Околу него бил ослободен јаглен-диоксид, вода и фосфор, а потоа ледот бил изложен на радијација, слично како и во вселената. Во такви услови се појавиле сите хемиски реакции кои завршиле со создавање на услови на кои истражувачите се надевале. Фосфорните оксокиселини се исти како што се и оние во нашите хромозоми.

„Фосфинот е смртоносен на Земјата“, наведува професор Тарнер, носител на студијата, но во меѓуѕвездената средина на егзотична хемија, фосфините можат да предизвикаат ретка хемиска реакција, да иницираат создавање на биорелевантни молекули како што се фосфорната оксокиселина, а која евентуално би можела да предизвика молекуларна еволуција на живот каков што го познаваме.

Истите фосфорни окскокиселини кои Тарнер и Кајзер ги откриле можат да бидат создадени во ледот на кометата, како што е 67P/Ѓурјумов-Герасименко, за која се знае дека содржи извор на фосфор настанат од фосфин.

Кога кометата или метеорот ги донел на Земјата, тие оксокиселини создале хемија на фосфор. А ако тоа се случило на Земјата, може да се случи и на други планети, заклучуваат научниците.

 

 

Scroll to Top