Златна Рипка на Државна лотарија на Македонија остварува желби

Седмица полна добивки и добитници ни донесе инстант лозот Златна Рипка. Во последните неколку дена просториите на Државна лотарија на Македонија ги посетија повеќе добитници од кои најголем дел ги подигнаа паричните добивки од инстант лозот Златна Рипка.

Најпрво , не посети добитникот на една од главните премии вредна МИЛИОН денари. Добитникот е редовен играч на инстант лотаријата, од која омилена лоз му е токму Златана Рипка , но исто така и верен играч на НовоЛото 7/34. Во продажното место Јосе Тобако во Велес, тој купил две Златни Рипки кои решил да ги изгребе дома заедно со својата сопруга. Едната ја изгребал тој , а втората –добитната ја изгребала неговата сопруга. Бројот 13 од полето „Добитни  Броеви“ го пронашле и во полињата означени како „Твои броеви“ , а кога ја изгребале и сумата која им носела 13-ката возбудата почнала да расте. Во неверување својата добивка најпрво ја проверила во нивното среќно место , а потоа ги посетија и просториите на Државна Лотарија.

Веднаш по него во Државна лотарија на Македонија пристигна и добитникот на 20.000 денари од инстант лозот Златна Рипка. Повторно станува збор за редовен играч , кој во центарот на Струмица купил лоз со добивка од 20.000 денари.

Но, добивките од Златна Рипка не застанаа тој ден. Уште една добивка од 20 000 денари замина овој пат за Битола, кај И.Д. играч кој купил 5 инстант лозови Златна Рипка , а петтиот од нив му донел добивка вредна 20.000 денари. Следниот добитник ни пристигна од Штип со добивка вредна 30.000 денари. Снежана Гулиќ од својата сосетка Н.Т. добила подарок инстант лоз Златна Рипка , кој и донел добивка од 300 денари, од кои пак купила уште две Златни Рипки. Едната од нив и донела 30.000 денари .Ова е првата поголема добивка која ја  добива.

Добивката пак од 50 000 денари од Златна Рипка ни пристигна од скопска Кисела Вода. Овој инстант лоз е првиот кој го купува Бобан Боцевски од Скопје . Во изборот на лозот му помогнал неговиот внук, кој му ја донел и добивката.

Остануваат уште многу парични добивки од инстант лозот Златна Рипка, кој е веќе во продажба во својата втора серија . Не чекајте пронајдете ја и вие вашата , или пак израдувајте некој од своите најблиски со инстант лотаријата Златна Рипка.

 

Scroll to Top