(Видео) Злато, сала за вежбање и бела кожа во авионите на Путин и Трамп

Авионите на претседателите на двете најмоќни сили, Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, се вистински летачки тврдини, а не се штедело ни на удобноста ни на безбедноста.

Тие на самитот во Хелсинки стигнале со своите претседателски авиони, а јавноста веднаш почнала да анализира кој од авионите е подобар.

Авионот на Путин

Авионот на Путин IL-96-300PU чини 500 милиони долари, а опремен е со напредна технологија, која оваа летечка палата, како што ја нарекле медиумите, претставува вистински команден центар во случај на неочекуван напад.

Надворешниот изглед е како стандарден патнички авион иако според димензиите е нешто поголем, но внатре рускиот патнички авион е опремен како луксузен хотел.

Распонот на крилјата му е 65 метри, колку што е и долг. Максималната тежина што може да ја понесе е 270 тони.

Внатрешноста е докорирана во неокласичен стил, со светли бои, со многу бела кожа и златни детали.

Рускиот претседател има флота од четири идентични авиони.

Од безбедносни причини, пред пат се избира со кој авионќе патува рускиот претседател, но тој податок е малку познат, и тоа на мал број луѓе. Преостанатите три или само еден го следат авионот што е избран за лет.

Авионот на Доналд Трамп

Ни американскиот „Ер форс 1“, официјалниот авион на американскиот претседател, не е ништо помалку луксузно опремен.

Модифицираниот „боинг 747-200с“ им служи на американските претседатели од 1987 година, но самата компанија „Боинг“ е задолжена за пренесување на претседателите на Америка веќе половина век.

Авионот има 372 квадратни метра и, како и авионот на колегата од Русија, поседува команден центар во случај на непредвиден напад на САД.

Авионот има и две кујни, сала за вежбање и туш-кабина, а има 87 телефони и опрема за видеоконференциски повици. Уште една предност на овој „боинг 747-200“ е што може да го дополни резервоарот во воздух.

Се претпоставува дека цената на авионот е милијарда долари.

 

Scroll to Top