Знаци дека имате недостиг на самодоверба

By

Честопати слушаме за тоа колку е важна самодовербата за да оствариме успеси на сите животни полиња – од оние деловните до успешните и исполнетите емотивни односи со партнерот, вистинските и искрени пријателства.

Со други зборови, тогаш кога добро се чувствуваме во својата кожа и свесни сме за сите свои вредности, како и маните на кои сакаме да работиме, спремни сме да се стремиме кон целта, а за тоа можеби не сме ни свесни. Секако, многу е важно да се освестиме себеси за да  успееме нешто и да промениме кај себе.

Исфорсиран оптимизам

Позитивноста, оптимизмот и насмевката и тоа како се доблести. И на некој начин се одраз на нашата снага, верба во сопствените капацитети. Сепак, понекогаш тие се исфорсирани, вештачки, кога насмевката е усилена и на граница е да се претвори во оној израз од кој се издава целиот страв и неизвесноста која понекогаш ја чувствуваме.

Или, еве еден конкретен пример – кога некој нема проблеми со самодовербата, ќе зборува отворено и за своите проблеми, негативните искуства, тешките денови, а во спротивно, кога сме несигурни во себе, ние го поттиснуваме тоа и пред другите и пред себе, правејќи се дека сѐ е во најдобар ред.

Перфекционизам

Да бидете прецизни, детални, посветени е исто така доблест. Меѓутоа, понекогаш перфекционизмот подразбира опсесивно-комплусивни дејствија, како на пример кога имаме потреба на секои пет минути да исчистиме некоја површина, или кога на пример ни пречи ако моливот на работната маса не стои баш онака како што сме навикнале, тогаш под таквиот перфекционизам се кријат несигурности и недостиг на самодоверба.

Ги обвинувате другите

Исто така, префрлувањето вина на другите за сопствените пропусти е типичен образец за однесување кај сите оние на кои им недостига самодоверба.

Не умеете да кажете НЕ

Во животот е многу важно да умеете да кажете НЕ. Во спротивно стануваме жртви на туѓите барања. хирови, гушејќи ја сопствената волја. За тоа секако е потребно да бидеме свесни за себе, за да разбереме дека кога ќе кажеме НЕ не ја одбиваме таа личност која ни упатила барање, туку го одбиваме барањето како такво.

Ќе ви се допадне

World Trigger Episode 73 at website https://animeplanet.cc anime planet food wars

Fairy Tail (Dub) Episode 175 at website https://animeflix.nl mob psycho 100 animeflix