Знаци дека меѓу вас постои љубовна хемија

Кога станува збор за љубовната хемија, таа е толку силна што не можете лесно да ги контролирате и ограничите тие чувства.

Љубовната хемија се чувствува, честопати е необјаснива бидејќи претставува игра на хормони и емоции, но знаете кога е присутна. Хемијата главно се раѓа помеѓу двајца луѓе кои имаат заеднички интереси, слични гледишта за животот, вредности и верувања. Хемијата најчесто се гледа во очите, а еве три знаци кои непогрешливо укажуваат дека некому му се допаѓате.

1. Насмевка која не може да ја сокрие

Лицето кое чувствува романтични искри додека разговара со вас обично има блажена насмевка на лицето. Иако се обидува да ја скрие, тешко му е да го стори тоа. Таа насмевка укажува на чувството на внатрешно задоволство коешто го чувствува кога сте заедно.

Ако често забележувате насмевка на лицето на личноста што ви се допаѓа додека разговарате сосема е можно чувствата да ви се меѓусебни.

2. Се обидува да ве допре

Ако некоја личност ја става раката врз вашата, сака да ве прегрне, да биде поблиску до вас, да ви ја погали косата или случајно да ви ја допре раката додека одите, можно е да сака да има поблиска врска со вас.Хемијата поттикнува две души да се зближат и нивните енергии да се вкрстат, затоа ја засилува желбата за допир.

3. Ве гледа во очи додека зборувате

Очите се огледало на душата, а кога ќе ги погледнете очите на личноста што ви се допаѓа се појавуваат романтични искри, кои најчесто ги нарекуваме „пеперутки во стомакот“.

Ако забележите дека личноста повеќе се фокусира на вашите очи за време на разговорот, можно е да има одредени симпатии кон вас и дека љубовната хемија завладеала.

Scroll to Top