Зошто пријателството со поранешниот партнер не е добра идеја

Нина Атвуд, експерт за врски, смета дека пријателството со поранешниот дечко може да предизвика многу емотивни турбуленции во животот.

„Кога и да останат луѓето пријатели со поранешните партнери, тоа воглавно е затоа што не сакаат раскинувањето да остави горчлив вкус во устата. Исто така, обично се плашат од соочување со животот без луѓето кои неодамна многу им значеле, а со кои делеле длабоки и интимни врски“, вели Нина.

Таа додава дека не е лесно да се решиме од чувството на губиток и жалење поради сето она што сме го имале со поранешниот партнер.

Линси Кригер, исто така тврди дека пријателството со поранешниот само го влошува вашиот однос: „Во повеќето случаи, многу е подобро да заборавите и да се свртите кон подобри можности. Доколку останете блиски со личноста во која некогаш сте биле заљубени, тоа ќе создаде одреден притисок, не особено здрав. На пример, може да делува обесхрабрувачки на идејата за повторни излегувања. Доколку упорно го имате поранешниот на ум, нема да одите напред. Ќе ги споредувате потенцијалните партнер со поранешниот, а со ќе пронаоѓате и грешки кои се слични со поранешниот партнер“, вели таа.

Кога размислувате за старата врска, спомените само ќе ви се враќаат. Со размислувањето на тоа, можете да дојдете и до идеја да ѝ дадете уште една шанса на стара врска.

„Би требало да сфатите како силните и здравите односи не можат да се распаднат. Доколку навистина сакате да бидете заедно, тогаш и денес би биле заедно. Но ако работите едноставно не функционираат, би требало да признаете дека едноставно не одат“, велат експертите за врска.

Scroll to Top