(Видео) Паша локум – Слатката султанова сарма

Слатката султанова сарма, или паша локум, со својата ориентално рафинирана нота од кокос и чоколадо, го освежува слаткото мени на секое домаќинство.

Состојките се едноставни, поради што вистинската магија се случува во процесот на правење, во кој воопшто нема печење.

Состојки:

  •  300гр шеќер
  • 1л млеко
  • 100гр путер
  • 60гр густин
  • 120гр брашно
  • 30гр какао
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 100гр кокос
  • 150-200мл слатка павлака

Подготовка:

Се мешаат шеќерот, брашното, какаото и густинот и се додава 200 мл млеко. Остатокот од млекото се става да зоврие. Претходно направената смеса се додава во зовриеното млеко и се меша на тивок оган, додека содржината не се згусне како пудинг.

Смесата се трга од оган и во неа се додава путерот. Сето тоа се мати со миксер додека се не се стопи и соедини целосно.

Квадратна стандардна тава за печење се обложува со хартија за печење, а потоа рамномерно се  распоредува кокосот по дното на плехот.

Претходно приготвената смеса се истура во плехот, додека е сè уште жешка, се распределува по аглите и се остава да се излади.

Се прави шлаг од слатката павлака и  рамномерно се става преку оладената смеса.

Се сече на ленти широки околу 5 см, и секоја од нив уште на пола. Секоја лента се витка внимателно со лесен притисок, за слатките сарми да не се сплеснати.

 

Scroll to Top