Потребни состојки:
- 4 шницли од бело пилешко месо
- 10 шампињони
- 40 гр путер
- 3 кутлачи супа од зеленчук
- 5 листови тост сирење
- 50 гр пармезан
- малку бибер
Начин на подготовка:
Растопете путер во тава, па ставете ги шницлите и добро пропржете ги од двете страни. Налијте со супа и гответе додека течноста не испари до половина. Додајте сирење, пармезан и на тивок оган вртете ги шницлите додека не се формира крем од сирење. Ставете бибер за вкус и послужете ги.