Солени стапчиња од готови кори

Потребни состојки:

500 гр. тенки готови кори
3 јајца
200 гр. урда
150 гр. сирење
150 мл. зејтин
200 мл. кисела вода

Начин на подготовка:

Во еден сад ги мешаме јајцата, урдата и сирењето да се добие хомогена смеса. Секоја кора ја попрскуваме со една лажица зејтин и една лажица кисела вода ја свиткуваме на пола и по целата должина ставаме од подготвениот фил. Краевите на кората малку ги свиткуваме на внатре за да не ни излезе филот и виткаме во ролат. Свитканите ролати ги редиме во подмачкана тепсија и одозгора ги попрскуваме со кисела вода. Вака спремените стапчиња ги печеме во загреана рерна на 200 степени околу 20 мин.

Scroll to Top