Арапски ќофтиња – фалафел

Фалафел е јадење карактеристично за Блискиот Исток – пржени ќофтиња од наут и зачини. Доколку немате брашно од наут можете да користите обично брашно.

Потребни состојки:

340 гр. варен наут
1 мал кромид
1 рака магдонос
3 чешниња лук
2 лажици брашно
2 лажици кумин (мелен ким)

Масло за пржење
Сол и бибер

Начин на подготовка:

Оставете го наутот да отстои во вода цела ноќ, па ставете го во длабок сад и варете го 20 минути за да омекне. Можете да купите готов варен наут во конзерва. Исечкајте ги кромидот, магдоносот и лукот. Исцедете го наутот и убаво измешајте го со кромидот, лукот и магдоносот, па додадете кумин, сол и бибер. Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте за да добиете мазна смеса. Додајте две лажици брашно од наут (или обично). Од смесата направете топчиња, ставете ги да отстојат во фрижидер неколку минути. Пржете ги во врело масло за да добијат златна боја. Извадете ги на хартија за да го впие вишокот масло. Послужете ги топли.

Scroll to Top