Бадников колач готов за 10 минути

Доколку сакате нешто слатко за бадниковата трпеза, а сè уште немате подготвено, ова е брз, едноставен рецепт за вкусна торта.

Потребни состојки:

250 гр. шеќер
250 гр. брашно
150 гр. мелени ореви
2,5 дл. бело вино
1 лажиче цимет
1 лажиче сода бикарбона
малку шеќер за горе

Начин на подготовка:

Во сад ставете ги сите состојки заедно и мешајте да се соединат. Ставете ги во калап за печење и печете на 200 степени додека да порумени. Кога ќе остине, ставете шеќер одозгора како глазура.

Scroll to Top